Видео рецепт: Крцкави филети од риба со овесни снегулки
Состојки
- филети од риба
- За СМЕСАТА ЗА ПОХУВАЊЕ (темпура) ќе ви треба
- 200 гр. брашно
- 2 лажички црвен пипер
- 130 гр. густин
- 260 мл. вода
- 1 јајце
- За СОС ќе ви треба:
- мајонез, кари и малку кечап
- Ќе ви треба и:
- масло за пржење
- овесни снегулки
Фичо ќе подготви крцкави филети од риба, со богата смеса за похување и овесни снегулки.
Подготовка
Чекор 1: Секоја филета исечете ја на три еднакви дела и оставете ги на крпа добро да се исушат.
Чекор 2: Во сад за матење ставете ги сите состојки за смесата за похување и матете со миксер додека смесата не се изедначи.
Чекор 3: На оган ставете го садот со масло да се загрее. Користете длабок сад, бидејки во плитка тава маслото многу ќе прска.
Чекор 4: Секое парче риба извалакајте го во смесата за похување, потоа во овесните снегулки , посолете го и пржете го во загреано масло.
Чекор 5: Сите состојки за сосот соединете ги и сервирајте!
СОВЕТ: По желба може да користите филети од друга бела риба, како на пример ослич.