Шафранов ориз
Состојки
- 2 чаши варен ориз
- 1/2 чаша слатка пченка од конзерва или замрзната
- 1/2 чаша грашок од конзерва или замрзнат
- 1 чешне лук
- 1/4 главица кромид
- 1/2 гр. шафран
- Малку куркума
- По потреба сол
Подготовка
1. Во еден сад се става шафранот и му се додава еден филџан врела вода, се покрива и се остава да се запари 10-15 минути.
2. Во тавче на оган се става ситно исечканиот кромид, се пропржува му се додава лукот и и тој се пропржува.
3. Во тавчето се ставаат претходно сварениот ориз, пченка и грашок.
4. На оризот му се додава шафранот заедно со водата, солта и куркумата.
5. Се остава на оган додека течноста испари.