Рогач палачинки со крем од маџун и цимет
Состојки
- тесто
- 2 јајца
- 2 лажици мелен рогач
- 360мл млеко
- 1 мало лажиче стопен путер
- 220гр брашно
- кисела вода по потреба
- фил
- 250мл млеко
- 3 лажици маџун( мед)
- 3 лажици густин
- 70гр црно чоколадо
- 1 лажица мелен рогач
- 1/4лажиче цимет
- 30мл слатка павлака
Подготовка
Вкусни, малку поинакви палачинки. Сервирани во прекрасна чинија, подарок од другарка ми Тинка. Фала Тине на убавиот подарок.
Прво во еден сад се соединуваат млекото, јајцата, се додава стопениот путер, мелениот рогач , брашното.
Убаво со миксер се соединуваат состојките.
Во зависност од густината на смесата по потреба се додава кисела вода.
Се пржат палачинки на вообичаен начин.
Сега во сад се ставаат млекото, маџунот и густинот. По вкус може да се додаде уште една лажица маџун. Се варат на тивок оган до згуснување, а пред крај се додава и мелениот рогач.
Додека е топло се става и чоколадото да се растопи се додава циметот.
Нека подизлади и се додава изматената слатка павлака.
Се филуваат испржените палачинки со кремот и се дегустираат.