Испечати

Тегнети банички со сирење

Тегнети банички со сирење

Состојки

  • 1кг. брашно
  • 50мл. масло
  • 1 лажичка сол
  • 500мл. млака вода
  • фил
  • 400гр. сирење
  • 200мл. масло за попрскување

Подготовка

Брашното го сееме на средина ги ставаме маслото и солта. Водата ја загреваме и полека сипувајки замесуваме средно меко тесто. Тестото треба убаво да се изработи од него формираме 7-8 кори.
Секоја кора се сука видете ја формата и големината во дополнителните слики. Кога корите ги формиравме секоја треба да биде премачкамe со зејтин, вака подготвените кори ги оставаме 15мин. да одстојат.

Потоа на чаршав секоја кора ја тегнеме со рацете колку што можете потанко, намрсете и ставете од сирењето. Кога ќе ги намрсите и филувате со помош на чаршавот смотајте ја кората во ролна и направете полжав(банички)вака правете со сите кори. Ставете ги во намрсен плех и печете на 200 степени околу 25 минути.

Од кога ќе ги извадите од рерна попрскајте ги со малку вода и покријте ги.
На здравје!!!