Шарен куглов со портокал
Состојки
- жолто и црно тесто
- 1 јајце
- 6 жолчки
- 8 лажици шеќер
- 6 лажици масло
- 6 лажици сок од порокал(свеж цеден порокал)
- 6 лажици брашно
- 1/2 пециво
- 2 лажици какао
- 3 лажици мармалад од боровинки или по желба
- бело тесто
- 6 белки
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици масло
- 6 лажици брашно
- 50гр. суви сецкани урми
- 1 лажица мармалад од боровинки
Подготовка
Оделете ги белките од жолчките веднаш во сад за матење започнете со матење на жолчките,jajцето и шеќерот.Во нив додадете го сокот од портокал,маслото и брашното со пецивото.Поделетеја смесата на два дела и во едниот дел ставете го какаото.
Калапот за куглов премачкајте го со масло сипете ја жолтата смеса на средина
сипете ја смесата со какао.Вака стокмениот калап печете го на 200степени дваедетина минути во меѓувреме...
Изматете ги белките додадете го шеќерот и повторно матите додека не добиете густа пена.Додадете го маслото сецканите урми и на крај додадете една лажичка мармалад од боровинки.Лесно со шпатула соединете ги состојките.
Кога првиот дел ние запечен после дваесетина минути го вадиме од рерна и премачкуваме со три лажици мармалад од боровинки и ја нанесуваме смесата од белки.Кугловот го ставаме во загреаната рерна и печеме на 200степени околу половина час па намалуваме на 180 степени уште петнаесетина минути.
Оставете го да се излади и послужете!!!
Преубав декоративен куглов совршен за празнична и свечена трпеза.