Домашни колбаси со праз
Состојки
- 5 кг мелено мешано свинско месо (врат, плешка)
- 2 кг ситно сечкан пафлак
- 1 кг крупно мелена сланина
- 2 кг мелено телешко месо
- 4 големи парчиња праз
- 250 гр сол
- 30 гр бибер
- 6 лажици буковска пипер
- свински црева по потреба
Подготовка
Најпрво убаво измешајте го, измесете го само месото. Потоа додајте ги зачините и пак убаво измесете, да се спојат зачините и месото.
Оставете ја смесата на ладно преку ноќта.
Другиот ден полнете ги цревата.
Оставете ги неколку дена на ладно место, обесени, да се сушат. Секако, можете и да ги исчадите малку доколку ги сакате такви.