Печени колбаси со компири
Состојки
- 4 парчиња колбаси
- околу 1, 2 кг. компири
- 3 моркови
- 1 лажица мешан сув зачин
- 1 филџан вода
- црн пипер, масло
Подготовка
Кога немам многу време за подготовка на ручек, ова е нешто брзинско што го правам. Може да биде и еден предлог за Василица (заради колбасите де).
Количината на компири и колбаси може да си ја прилагодите произволно.
1. Компирите излупете ги, измијте ги и исечете ги на долги парчиња како за помфрит, но малку подебели. Ставете ги во тава (јас правев во земјена).
2. Морковите исчистете ги, исечете ги на кругови и ставете ги во тавата.
3. Посипете го мешаниот сув зачин, малку црн пипер, турете масло од око и ставете ја водата. Со лажица убаво измешајте.
4. Кобасите засечете ги од двете страни, ставете ги врз компирите и право во рерна.
5. Пуштете ја рерната на најсилно, а штом ќе се загрее намалете на 200 степени и печете околу 1 час. Повремено набљудувајте и превртувајте ги колбасите. Компирите не мора да се мешаат. Штом поруменат компирите и колбасите, јадењето е готово.
Ако правите во метална тава, штом ќе ја подготвите, тавата ставете ја веднаш во загреаната рерна.