Испечати

Сушено филе со зачини - Филе Елена

Сушено филе со зачини - Филе Елена

Состојки

  • 1 свинско филе
  • 1/2 кг. сол
  • 1/2 пакетче црн бибер во зрно
  • 2 големи лажици оригано
  • 1/2 мала лажица црвен пипер

Подготовка

Еден прекрасен рецепт за сушен деликатес, за прв пат го пробав во Бугарија. Таму е познат под името ,,Филе Елена,,. Филето го носи името на еден град.
За подготовка
1. Се формира убаво парче од филето, се отстрануваат ципите.
2. Месото се става во сол за 24 часа, важно е филето да е убаво прекриено со сол.
3. Откако ќе поминат 24 часа филето се измива од солта и се остава во вода за 30 минути до 1 час.
4. Се подготвува смесата од зачини-во блендер се става црниот бибер, сувото оригано и црвениот пипер, се блендира заедно додека црниот бибер се сомели јадро.
5. Подготвеното филе се бриши убаво за да се исуши.
6. Така подготвено се валка во смесата од зачини.
7. Во едниот крај месото се продупчува и се става дебел конец.
8. Филето се обесува да се суши 2 седмици.

Забелешка
- Филето се подготвува при ниски температури.