Видео рецепт: Свинско филе на кинески начин

Состојки
- парче свинско филе
 - За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
 - 2 лажици соја сос
 - 2 лажици бело вино
 - 1 лажичка сусамово масло
 - 2 лажички густин
 - Дополнително ќе ви треба:
 - 200 гр. шитаке печурки
 - парче свеж ѓумбир
 - 3 млади кромидчиња
 - 2 чешниња лукче
 - малку зелка
 - зелена пиперка
 - 30 мл. сончогледово или палмино масло
 - 2 лажици соја сос
 - 1 лажица сусамово масло
 - сок од половина лимон
 - по желба чили
 
Фичо ќе подготви рецепт од северозападна Кина, свинско месо со зеленчук и сос.
Подготовка
Чекор 1: Свинското филе исецкајте го на парчиња. Прелејте го со состојките за преливот и оставете го во ладилник еден час.
Чекор 2: Печурките исецкајте ги, додадете го изренданиот ѓумбир, исецканите млади кромидчиња и лукчето. Тргнете ги на страна да отстојат.
Чекор 3: Исецкајте ја зелката со големина од прилика 1см х 1см. Зелената пиперка исецкајте ја на парчиња со приближна или иста големина. Оставете ги да отстојат со зелката.
Чекор 4: Во Вок тавата ставете го маслото. Пропржете го месото, извадете го и додадете го исецканиот зеленчук. Додадете го соја сосот и сусамовото масло. Кога зеленчукот ќе почне да добива сјај, додадете го месото, сокот од лимон, сол и бибер.
Чекор 5: Сервирајте врз исецкана кинеска зелка!
СОВЕТ: Доколку сакате луто, додадете чили.