Сируп за подобрување на крвната слика
Состојки
- 1кг цвекло
- 500гр моркови
- 4 лимони
- 3 портокали
- 1кг јаболка
- 250-300гр мед
Подготовка
Овој сируп е одличен за подобрување на крвната слика,за зајакнување на имунитетот,за намалување на шеќерот во крвта,за чистење на црниот дроб. Доволно е да се пие по една ракиена чашка насабајле на гладно. За само неколку дена ке се чувствувате подобро и поенергично.
Се лупат лимоните, портокалите, јаболката, морковите(ако имате органски нетретирани јаболка, лимони и портокали може и со се кора) Се ставаат во соковник и се цедат. На оваа течност се додава 250-300мл мед се меша додека не се стопи медот и се собира во стаклено шише. Од оваа доза излегува околу 1,5 литри сируп.
На здравје!