Нугат ролат со кикирики

Состојки
- за тесто
 - 4 јајца
 - 4 лажици шеќер
 - 4 лажици брашно
 - за фил
 - 300 мл млеко
 - 1 пакетче пудинг нугат премиум
 - 150 гр шеќер во прав
 - 125 гр маргарин
 - 100 гр печени мелени кикири
 - за глазура
 - 100 гр чоколадо
 - 50 гр маргарин
 - 2 лажици шеќер во прав
 - 1,5 лажица млеко
 
Подготовка
Изматете цврст снег од белките. Посебно изматете ги жолчките со шеќерот, па додадете го брашното и на крај, внимателно вмешајте го снегот од белките со шпатула.
 Смесата излијте ја во плех обложен со мрсна хартија за печење и печете на 190С, околу 10 минути.
 Печената кора одделете ја од хартијата и заролајте ја во влажна пацета.
Сварете го пудингот во млекото и оставете го да излади.
 Во меѓувреме изматете го маргаринот со шеќерот во прав , па вмешајте го во оладениот пудинг. Додајте ги кикирите.
Премачкајте ја кората со филот и завиткајте во ролат.
Стопете го маргаринот, па во него додадете го чоколадото искршено на ситни парчиња и мешајте да се растопи. Во меѓувреме додајте го шеќерот и млекото, па кога смесата ќе стани компактна, прелијте го ролатот одозгора со неа. Украсете со кршени и цели солени кикири.
 Оставете убаво да се стегни во фрижидер пред служење.