Испечати

Крофни

Крофни

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 1 квасец
  • 3 јајца
  • 5-6 лажици шеќер
  • 350-450 мл млеко (по потреба)
  • 1 лажица ванила екстракт
  • по желба шеќер во прав, чоколадо, лешници, кокос

Подготовка

1. Се замесува тесто од 1 кг брашно, квасец (растворен во млеко и 1 лажичка шеќер), 3 јајца, 5-6 лажици шеќер, млеко (350-450 мл. по потреба) и 1 лажица ванила екстракт.

2. Тестото се остава да отстои 1 час на топло за да нарасне.

3. Потоа повторно се размесува и се расукува кора од која што се вадат фигурички.

4. Крофните се пржат во загреано масло и се декорираат по желба.

На здравје!