Испечати

Градинарско јадење со свинско месо (Народен кувар 1976)

Градинарско јадење со свинско месо (Народен кувар 1976)

Состојки

  • 1 кг свинско месо
  • 3-4 главици кромид
  • 1-2 големи лажици црвен пипер
  • 100 гр боранија
  • 100 гр моркови
  • 100 гр печурки
  • 100 гр патлиџани
  • 1 главица кисела зелка
  • 100 гр компир
  • по потреба магдонос
  • зачини по желба сол, бибер, провансалска мешавина

Подготовка

Едноставно јадење, мислев ќе добијам ефект на турлитава и нема да стигне да го објавам, но изненади со вкусови и еве го :)

Месото исекцкајте го на коцки, запржете го во врело масло. Нека зарумени и додадете го ситно исецканиот кромид. Кромидот убаво нека се запржи, додадете го црвениот пипер да се запржи и на крај додадете ја водата и поклопете да се провари.
Додека крчка исекцкајте ги зеленчуците на мали парчиња, зелката на лентички. Јас не ставив само печурки бидејки немав, а ќе беше уште подобро со печурки.

Кога водата во тавата ќе се намали, префрлете го месото во поголема тава за печење, додадете ги зеленчуците и печете во рерна на 200 степени додека зарумени. Проверете ги компирите дали се испечени бидејки им треба најдолго време за подготовка. Јас секогаш ги сецкам на мали парчиња, за побрзо да се приготват. 
Проверете на вкус за зачини ни додадете доколку сакате.

Киселата зелка е приготвена по ОВОЈ рецепт, а провансалска мешавина по ОВОЈ рецепт.

Пријатно јадење!