Испечати

Штрудла со јаболка

Штрудла со јаболка

Состојки

  • 1 кг готови кори
  • 10 средни јаболка
  • 300 гр мелени бисквити
  • 200 гр шеќер во прав
  • 200мл зејтин

Подготовка

Јаболките се лупат и се рендаат.
Бисквитите се мелат и се замесуваат со шеќерот во прав и јаболките.
Корите се редат како за баклава.
Врз секоја кора се попрскува масло,па на третата кора се реди филов и се витка во ролат.
Ролатот се реди во намастена тава.
Така се постапува со сите кори што ги имате.
Значи уште еднаш да објаснам, се реди првата кора, па масло се попрскува.
Оди сега втората кора врз маслото, повтроно масло, а веќе на третата кора се попрскува масло и на крајот се става од филот.
Така подготвената штрудла се сече на коцки онолку колку сакате да ви биде големо парчето.
Се премачкува со маслото и се става да се пече на тивко, 180 степени околу 20-30 мин да зарумени малку кората.
Да си исчемрее сокот од јаболката.
Откако ќе добие убава румена боја се вади од рерна и се покрива со крпа да постои 10 минути.
Потоа се наросува со шеќер во прав.
Се служи и топло и ладно.
На здравје