Испечати

Чоколадна торта со ликер Cointreau

Чоколадна торта со ликер Cointreau

Состојки

  • Зa тестото
  • 20 гр путер
  • 4 јајца
  • 125 гр шеќер
  • 90 гр просеано брашно
  • 30 гр какао без шеќер (просеано)
  • За сирупот
  • 150 мл вода
  • 200 гр шеќер
  • 50 мл ликер Cointreau
  • За филот
  • 250 гр чоколадо
  • 250 мл неутрален крем
  • 50 мл ликер Cointreau

Подготовка

Се загрева фурната на 180 степени.
Подлабока округла тава од 22 цм се премачкува со путер и брашно.
Се подготвува тестото за тортата.
Се растопува путерот во едно помало тенџерче и се остава на страна. Се стават шеќерот и јајцата во еден сад на пареа да се загреат. Јас ставам на шпорет поголемо тенџере со вода и во него го ставам садот за матење ( да не е пластичен). Се матат убаво 5-8 минути се додека смесата не побели и треба да се одлепува од жиците на миксерот во форма на рубан. Се трга на страна и се мати на максимална брзина се додека смесата не се олади. Се додава брашното и какаото (претходно просеани)на три пати и потоа се додава пазливо и брзо путерот. Треба да биде млак,ни ладен ни топол.
Се става во тавчето и се пече 25 минути или се додека не стане еластична на допир и не се одлепува од страните на садот во кој се пече. Се остава да се олади пред да се извади на решетка.
Се подготвув сирупот.
Во тенџерче на оган се стават да вриат шеќерот и водата. Откако ќе се олади се додава Cointreau.
Се подготвува глазурата.
Се крши чоколадото на ситни парчиња. Кремот се загрева додека да почне да врие и потоа се сипува кај чоколадото. Се меша ѕбаво смесата да стане хомогена и потоа се додава Cointreau. Се остава на страна се додека не стане лесна за мачкање.
Тестото се сече хоризонтално на три еднакви дела. Првиот дел се премачкува најпрво со сирупот и потоа се става 2цм од филот. Се прекрива со вториот дел од тестото и се повторува постапката. Се става и третиот дел и тој исто така се прекрива со сирупот. Вака подготвена се става во фрижидер да се олади околу 15 минути. Потоа се прекрива целата торта со остатокот од глазурата и повторно се остава да олади окллу 10 тина минути.
Ликерот може да се замени со друг доколку го немате овој.