Испечати

Печено cвинско филе во сос

Печено cвинско филе во сос

Состојки

  • 1 кгр. свинско филе
  • 1 лажица путер
  • 1 помала главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици свеж сецкан магдонос
  • 1 лажица шарен мелен бибер
  • 40 гр. презли
  • 1 лажица мелен мешан бибер
  • Сос
  • 250 мл. павлака за готвење
  • 125 мл. буљон од телешка коцка
  • 75 мл. Балсамико оцец
  • 2 лажици кафен шеќер
  • 1 лажица брашно
  • 2-3 гранчиња мајчина душичка (или на вкус сува)

Подготовка

- Филето на вкус посолете го и оставете на страна.
- Во блендер ставете го кромидот, магданосот и лукот и изблендирајте.
- Во мала касерола ставете го путерот да се стопи и загрее, додадете ја добиената смеса од блендерот- нека се кратко запржи,( 2-3 минутки.)
- Тргнете настрана, додадете ги лебните трошки и биберот и измешајте. Оставете го да олади.
- Убаво обложете го филето со добиената смеса, поставете на фолија, убаво затворете (да нема отвор од никаде за да не испарува). Ставете да се пече на 200 степени загреана рерна околу 30 мин. Отворете ја сега фолијата и нека се уште малку допече колку да добие крцкава кора одозгора, но не и да ви испари целата течност што веќе ја има во фолијата.
- Извадете го, нека олади малку и дури тогаш сечете.

Сос
Додека се пече филето, вие спремете го сосот така што во касерола ќе ставите сите состојки. Нека прврие на умерен оган, потоа намалете ја уште темепратурата на огнот, нека продолжи да се вари околу 10 минутки. Одстранете ги гранчињата од мајчината душичка.
Излијте го сосот во тањирот во кој ќе сервирате и поставете врз него исеченото филе.
НАПОМЕНА
- Не секогаш го правам сосот кога ќе ја отворите фолијата за да се подзапече до крцкава кора филето, ќе видите дека има доволно течност, од смесата со која се обложува филето се направило многу убав сос, вкусен... затоа и велам да не дозволите да испари течноста кога е моментот на допечување на филето. Но сепак на тањирот ќе забележите дека има ставено и од двата соса, вие како сакате.
Белото вино на мене мие одличен спој со овој ручек, слободно послужете го.
- Доколку го правите белиот сос - тогаш внимавајте на осолувањето на филето.