Испечати

Благи крофни со жолчки

Благи крофни со жолчки

Состојки

  • 1 квасец
  • 80 гр маргарин
  • 3 лажици шеќер
  • 3 жолчки
  • 200 мл млеко топло
  • 800-900 гр брашно (по потреба)
  • по потреба шеќер во прав

Подготовка

1. Квасецот се остава да нарасне во топлото млеко
2. Брашното, квасецот и сите останати состојки се замесуваат и се остава тестото да одмори околу 30 мин
3. Се сука кора од тестото и со чаша се сечат кругови кои се редат на крпа и се оставаат да нараснат околу 10-15 мин.
4. Се пржат во врело масло за јадење
5. Се валкаат со шеќер во прав