Скопска манџа (зимница)
Состојки
- 10 кг црвени ајварски пиперки Капија
- 1 литар масло за јадење
- 250 мл вински оцет
- 250 гр шеќер
- по вкус јадра сол
- 300 гр лути пиперки
Подготовка
1. Пиперките се печат, се лупат и се сечкаат на коцки или се кинат на парченца помали (правев една доза со лути пиперки и една доза без нив)
2. Се ставаат пиперките заедно со сите останати состојки во тава да се пржат
3. Откако ќе зоврие смесата, се пржи 45 минути и веднаш се собира во топли тегли
Од оваа доза излегуваат 6 тегли (од 630гр)
Рецептов оваа година прв пат го направив, но дефинитивно го менувам и за ајвар и за малиџано и за лутица... НАЈДОБАР !!!