Испечати

Паштета од мелено месо

Паштета од мелено месо

Состојки

  • 500 гр мелено месо(свинско или мешано со говедско)
  • 8 главици кромид
  • 100 мл масло за јадење
  • 5 јајца
  • 1 говедска коцка за супа
  • 1 литар вода (за супа)
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче мешан зачин
  • 1 лажиче брашно

Подготовка

1. Коцката за супа се вари со 1 литар вода
2. Кромидот ситно се сечка и се запржува малку да омекне во малку масло за јадење
3. Меленото месо се соединува со омекнатиот кромид, со солта, останатите зачини, брашното..
4. Се додава едно јајце и се замесува едно големо ќофте кое се става во средината на намрсен плех
5. Околу меленото месо се става сварената супа и се става да се пече
6. На крајот кога ќе биде речиси готово, се вади од рерната и се додаваат останатите матени јајца и повторно се враќа во рерна да се допече уште околу 5 минути