Ролнички со печурки
Состојки
- 1,2кг свинска плешка
- 400гр свежи шампињони
- 250гр кашкавал
- 200гр сенф
- 300гр чадена сланина
- 1 рака свеж рузмарин
- 250мл црно вино
- 1 лажица брашно
Подготовка
Плешката се сече на парчиња 9-10 одприлика и секое се истенчува.За да се спречи ситнење на парчето најубаво е да се исчука во најлонска фолија.Секое парче се премачкува со сенф и се посолува со зачин и црн бибер и врз него се става парче кашкавал,шампињони исечени на листиња и се рола.Одозгора се обвиткува со сланина и парчињата се редат во тава за печење.Се налеваат со 200мл вино измешано со една лажица брашно и 2-3 лажици рузмарин.Ролничките се покираат со фолија и се ставаат на 200степени околу 20 минути.Се ваѓа фолијата и се дпечуваат околу 20 минути.
Дршките од шампињоните и останатите шампињони се сецкаат поситно и се запржуваат на зејтин.Се додава една лажица брашно се запржува и се налева со 50мл вино и 250мл вода.Се зачинува сосот по вкус-зачин,црн бибер и сенф.