Испечати

Ролат со пудинг од лешник

Ролат со пудинг од лешник

Состојки

  • *тесто
  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 5 лажици кикиритки (не солени, печени, исечкани)
  • 1 кесичка пудинг со вкус на лешник
  • 400 мл. млеко
  • 1 кесичка желатин
  • 200 гр. путер/маргарин
  • 6 лажици шеќер во прав
  • 1 кесичка шлаг крем со вкус на ванила

Подготовка

Вкусен ролат кој лесно се подготвува и уште полесно се јаде.

1. Јајцата се матат пенесто со шеќерот, се додава брашното измешано со пецивото, а на крај се додаваат сечканите несолени и печени кикритки.
2. Смесата се истура во правоаголно тавче (35х27 см) обложено со хартија за печење (во Делимано тавата нема потреба од хартија за печење). Се печи во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
3. Штом се испечи тестото се става во влажна кујнска крпа, се витка во ролат, се остава убаво да излади.
4. Прашокот за пудинг од лешник се вари со млекото и се лади убаво.
5. Путерот/маргаринот се мати со шеќерот во прав. Желатинот се подготвува по упатството.
6. Изладениот пудинг се соединува со изматениот путер/маргарин и желатинот, се мати до убаво изедначување.
7. Ролатот се одвиткува, се премачкува со филот, дел од него се остава за одозгора. Со помош на крпата се витка ролат и одозгора се премачкува со остатокот од филот.
8. Шлаг кремот се подготвува по упатството и со готварски шприц со него се декорира ролатот. Се чува во фрижидер.
На здравје!