Корнет погача
Состојки
- 1 кг. брашно
- 3 јајца
- 0,5 литар јогурт
- 1 лажица сол
- 2 пак. квасец
- 1 маргарин
Подготовка
Од сите состојки се замесува тесто кое се дели на два дела (едниот дел да биде поголем од другиот).Поголемата половина се дели на 10 дела.Се формираат топчиња,се сплескуваат и секое,но не и последното,се премачкува со маргарин.Се редат едно врз друго како за зелник.Се сучи кора која потоа се дели на 8 дела (постапката е иста како за лиснати кифлички).На краевите на секој дел се става малку сирење или урда и се виткаат кифлички.Секоја кифла се сечи на половина и со поширокиот дел се реди кон крајот на предходно намастен калап.
Втората,помалата половина од тестото,се сучи во правоаголна кора.Се премачкува со маргарин,се наросува со сирење и се витка во ролат.Се сечи на 5 до 6 еднакви дела кои исправени нагоре се редат во средината на калапот.
Се остава да кисне.Се премачкува со јајце,се наросува со сусам и се пече на 200 степени.