Посни коледарски лепчиња
Состојки
- 40гр свеж кавасец
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица сол
- 5 лажици масло
- 300мл топла вода
- 580-620гр брашно
- масло за премачкување
Подготовка
На Коледе кај нас покрај орев, костен, јаболко, суво овошје се дава и лепче, коледарски колачиња на дечињата кои утрото доаѓаат во домот и го најавуваат Христовото раѓање.
Во млаката вода се ставаат шеќерот, квасецот и малку брашно, да се активира квасецот.
Се додаваат солта, маслото, постепенио од брашното.
Се замесува тесто понамеко.
Се покрива и нека кисни 30 минути.
Се размесува уште еднаш и кисни 20 минути.
Потоа се дели на мали топчиња.за големината одлучете си вие.
Се редат во плех за печење и се премачкуваат со четка со масло.
Киснат 15 минути и се печат на 200 степени околу 25 минути.