Торта со алва
Состојки
- Пандишпан
- 3 јајца
- 6 лаж. шеќер
- 90 гр. брашно
- 5 гр. прашок за пециво
- Фил
- 500 мл млеко
- 6 лаж. шеќер
- 50 гр. густин
- 200 гр. алва
- Сируп за пандишпанот
- 200 мл млеко
- 50 гр. бела чоколада
- За декорација
- 1 кесичка шлаг пена
- 125 мл ладно млеко
Подготовка
Оваа ни беше роденденска торта, многу брза за подготовка. Mногу бргу се потроши, секој си побара по две три парчиња.
За пандишпанот - Се матат јајцата со шеќерот се додека убаво не се измати и не се стопи шеќерот. Потоа без да се исклучува миксерот се додава брашното и прашокот за пециво, се мати додека убаво да се соедини.
Смесата се става во тавче бр. 26 обложено со хартија и се пече на 180 степени се додека не биде добро испечено.
Одкако пандишпанот ќе биде готов и ќе се олади се сече хоризонтално да се добијат две кори.
За филот - Се става млекото во тенџере на оган, од млекото малку се остава за да се растопи густинот. Во млекото што е на оган се додава шеќерот и кога ќе почне да врие се става смесата со густинот и се меша се додека да се згусне. Филот се остава на страна да се олади.
Кога филот ќе биде ладен во него се додава алвата претходно изгмечена со вилушка, и се промешува или рачно или може со миксер за да се соединат добро.
За сирупот за пандишпан се ставаат млекото и чоколадото на тивок оган и со непрестано мешање се додека не се растопи чоколадото.
Кога се е подготвено се започнува со филувањето, се зема едната кора врз неа се распоредува половина од сирупот, врз сирупот се става целиот фил, врз филот е следната кора и врз неа се става останатиот сируп.
На крај се завршува со декорација со шлаг пена.
Таа се подготвува според упатството, односто во ладно млеко се става смесата од кесичката и се мати додека да се згусне, со помош на шприц на шлаг се завршува декорацијата.
Одозгора вр тортата ставив малку кокос, рендана чоколада на средина и неколку лешници.