Посна пита со праз и компири
Состојки
- 500 гр готови кори
- 1 врзалка праз
- 2 компира
- 100 мл масло
- 100 мл кисела вода
- зачини мешан сув зачин, бибер
Подготовка
Празот ситно исечкајте го и испржете го заедно со компирите кои сте ги исечкале на коцкички. Зачинете.
Земајте од корите по три, на секоја прскајте од мешавината со масло и вода и ставјте распрскано од филот. Свиткајте ролат од трите кори и ставете го во плех покриен со хартија. Така направете и со преостанатите кори.
Одозгора премачкајте ги и наросете ги со сусам.
Печете во загреана рерна на 200 степени.