Испечати

Подварок со свинско

Подварок со свинско

Состојки

  • 1 кг. свинско месо
  • 2 главици кисела зелка
  • 100 гр ориз
  • зачини сол, мешан сув зачин, бибер, црвена пипер
  • 2 лажици сало

Подготовка

Два, три дена, пред да го подготвувате подварокот посолете го убаво месото од сите страни и ставете го во фрижидер. Сварете го дента.
Расолот исечете го понаситно и ставете го загреана рерна на 200 степени. Првиот половина час не ставајте мрснотија, додека се исуши, а потоа додајте го салото, убаво измешајте и вратете го во рерната. Цело време се пржи таму, повремено промешувајте го, да не ви се запечи само горниот дел. Ќе се пржи можеби 1 до 1 и 1/2 саат, додека не се испржи убаво. Потоа, додајте зачини, во зависност од тоа колку ви е солена зелката, забиберете убаво, додајте 1 лажиче црвена пипер, оризот, промешајте, турете му од водата во која се вареше месото, а одозгора наредете ги парчињата месо.
Вратете ја тепсијата во рерната и продолжете со печење, се додека не испари водата и одозгора не добие убава боја. Уживајте со чашка вино!