Испечати

Свинска плешка во сос

Свинска плешка во сос

Состојки

  • 1кг свинска плешка
  • 1 лажица мелен ким
  • 1 главица кромид
  • 1 главица целер
  • 1 лажица сенф
  • За сосот
  • 1 лажица брашно
  • 1 коцка за супа
  • 500мл вода
  • 1 лажица кисела павлака

Подготовка

Свинското месо е вкусно само по себе, а уште ако го надополните со вистинскиот сос добивате вистински празничен специјалитет. Затоа пригответе одличен ручек, по кој сите ќе си ги излижат прстите.

Месото го посолуваме, додаваме мешан сув зачин, истријте го со мелен ким, превртете го и врзете го со конопен конец за печење.
Во тава, на загреано масло, испржете парчиња кромид и ситно исечканиот целер и додатете сенф.
Во подлабок сад ја префрламе смесата од тавата, ја додаваме и плешката, да се пропржи малу.
Потоа ја наливаме со вода (онолку колку да покрие половина од плешката) и ја оставаме малу и да се подвари.
Месото го печиме на 180 степени околу 1 час.
За приготвување на сосот потребно ни е маслото каде што се печеше месото, го цедиме, па во него го додаваме брашното и оставаме добро да се пропржи.
Во меѓувреме ја приготвуваме коцката за супа во 500мл вода.
Потоа ја додаваме супата на пропрженото брашно и на тивок оган оставаме да врие.
Ја додаваме и павлаката, пасираме да не се направат грутки и вареме на слаб оган додека не ја добие потребната густина.
Исечете го месото на парчиња, можете да го полиете со сос или да го сервирате посебно.
Како гарнир можете да послужите со кофтина од компири полнети со сирење, како и со ролат од компири.

Забелешка- Сенфот можете да го додатете во смесата со кромидот, но јас го намачкав месото па така намачкано го додадов во маслото.