Сладок подарок
Состојки
- 1 слој - 75 гр. пченкарно брашно
- 2 слој - 75 гр. бело брашно
- 3 слој - 2 лажици препечен сусам
- 4 слој - 80 гр. шекер измешан со ванилин шекер
- 5 слој - 25 гр. пченкарно брашно
- 6 слој - 75 гр. бело брашно
- 7 слој - 2 лажици искршени семки од тиква (голосемки)
- и уште
- 125 гр. маргарин
- 1 јајце
- според потребата кристал шеќер за валкање
Подготовка
Знам дека е доцна за овој сладок подарок кој сакав да го напишам и овој и уште еден и кој подарок сосема одоговараше за Новогодишните и Божиќните празници... но никогаш не е доцна... подароци се даваат по секакви поводи...
За целата количина од состојките да биде до врв полна - потребно е тегла од 500 мл., малку декорација... на хартија испишан рецептот кој ќе го придружува подарокот- пригодниот сладок подарок е готов.
- Значи треба редоследно да ставате во теглата од состојките.
За да се спремаат колачите од овој сладок подарок, потребно е дополнително да се истопи и олади маргаринот, лесно со миксер или жица за матење сматете го јајцето, додајте оладениот маргарин, измешајте - додадете ги сувите состојки.
- Со рака домесете, на работна површина расукајте кора, со модла вадете форми кои вие ги сакате.
- Печете во претходно загреана рерна на 180 степени од околу 1-12 мин. Внимавајте да ви останат бледи, да не изгорат. Извадете од рерна - веднаш така топли валкајте ги во кристал шеќер.
Јас би се радувала некој да ми подари вакво или слично нешто, а колачите се одлични. Доколку сакате да ви бидат крцкави - да му шуштат на непцето...тогаш една од количините од пченкарното брашно заменете го со гриз или палента.
Уживајте!!!