Посна роденденска торта
Состојки
- За пандишпан
- 4дл. минерална вода
- 400гр. шеќер
- 1 ванила
- 3 лажици масло
- 2 лажици мармалад
- 20 лажици мелени ореви
- 400гр. просеано брашно
- прстофат сол
- 1 лажиче (рамно полно) сода бикарбона
- 1 пециво
- *Ова се состојки за еден пандишпан, а се прават два.
- За фил
- 1,5л. минерална вода
- 15 лажици шеќер
- 3 ванили
- 6 пудинга од ванила
- 1 маргарин
- 250гр. шеќер во прав
- Потребно е уште
- 350гр. исцедени вишни од слатко
- по потреба од исцедената течност од слаткото
- 1л. посна слатка павлака
Подготовка
Мошне вкусна посна торта, направена по повод роденденот на мојот внук Наум. )))
За пандишпанот се мешаат најпрво сувите состојки, па се додаваат течните и се убаво се соединува мешајќи со рачна маталка или пак со миксер. Смесата ја оставаме да одстои 30 на минути, со повремени мешања.
Се излева во плех (32 на 39 цм.)обложен со хартија и се пече на 180 степени околу 30 мин.,( или во зависност од вашата рерна) во претходно загреана рерна.
Се остава убаво да се излади и страниците се одсекуваат.
За филот најпрво ги раствораме пудинзите со мал дел од минералната вода, а остатокот го ставаме на оган да зоврие со шеќерот и ванилата. Го додаваме пудингот и вариме до потребната густина. Оставаме да излади со повремени промешувања.
Маргаринот го матиме со шеќерот во прав, додека побели и стане кремаст.
Го соединуваме со млакиот пудинг. Убаво миксаме.
Околу 300мл. од слатката павлака матиме во цврст шам и започнуваме со редење на тортата.
Ставаме еден пандишпан, убаво го натопуваме со слаткото од вишни. Ставаме една половина од филот, па редиме вишни и дел од слатката павлака.
Другиот пандишпан исто го прскаме со слаткото, но него и од долната страна.
Ја ставаме другата половина од филот, вишни, па слатката павлака.
Целата торта ја премачкуваме со по малку фил (оставаме мал дел од целокупниот фил).
А, целосно ја украсуваме со другите 700мл. изматена слатка павлака.
Го израдував славеникот со оваа торта, а останатите гости беа воодушевени од вкусот. )))