Испечати

Мантиларки

Мантиларки

Состојки

  • Тесто
  • 700 гр брашно
  • 400 мл вода
  • половина лажица сол
  • 1 лажица сув квасец
  • Фил
  • 4страка праз
  • 7 лажици зејтин
  • 1 кафено лажиче сол
  • За премачкување
  • 1 лажица кравја маст

Подготовка

Еве еден појадок кој многу ми се допаѓа,а се надевам дека и вас ќе ви се допадне.
1. Најпрво празот исчистете го и исечете го на ленти, ставте го во еден сад. Додајте ја солта и зејтинот и ставте го садот на среден оган да се пржи. Откако ќе се испржи тргнете го садот од оган и оставте го филот да олади.
2. Брашното, солта и квасецот ставте ги во еден сад и промешајте да се соединат, потоа додајте ја водата малку по малку па замесете средно меко тесто. Тестото делете го на 12 колачиња.
3. Секое едно колаче расучете го големина од 40-45 см. На секоја една расучена кора ставте по малку од филот и накапете со малку зејтин. Кората роловајте ја во ролат. Роладот исечете го на парчиња од 2-3 см.
4. Парчињата ставте ги во плех бр 40 претходно намресен со малку зејтин. Откако ќе завршете со сите колачиња плехот ставте го претходно загреана, па искучена рерна од 50С да стасаат 25 мин.
5. Откако ќе стасаат мантиларките извадете ги од рерна па вклучете ја рерната на 250С да се загрее. Откако ќе се загрее вратете ги мантиларките назат и печете 20-25 минути.
6. Испечените мантиларки со кујнска четка премачкајте ги со претходно растопената маст, па покријте ги со плех или крпа 10 мин да омекнат, па послужете.Добар Апетит....

Совет-за подобро да сватите како се прават овие мантиларки погледнете ги дополнителните фотографии.