Испечати

Бадникова погача со круна (посно)

Бадникова погача со круна (посно)

Состојки

  • 30ГР свеж кавасец
  • 300мл млака вода
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 лажиче сол
  • 3 лажици масло
  • 550-600гр брашно
  • 1 извриена и замотана во фолија паричка

Подготовка

Нека е за многу години денешниот ден.
Еве каква е мојата бадникова посна погача со паричка.

Во млаката вода се ставаат квасецот и шеќерот со малку брашно.
Нека се активира, па се додаваат маслото и солта.
Постепено и од брашното.
Се замесува тесто понамеко.
Се покрива и се остава да се дуплира.
Повторно се размесува и нека кисни уште 30 минути.
Потоа се истура на маса, се сечи еден мал дел, за круната.
Се сучи кора, се сечат ленти и се поставуваат на округли тајнир покриен со фолија и намастен со малку масло.Се декорира по желба.
Се става да се печи на 200 степени околу 12 минути.
Од останатото тесто се прави една поголема топка, се расплескува со дланка и врз неа се редат украси од тесто( од остатокот на тесто)
кисни 20 минути и се печи на 200 степени околу 30 минути.