Полнети чајни бисквити
Состојки
- 1 кг. чајни бисквити
- 500 мл. слатка павлака
- 400 гр. чоколадо за готвење
- 100 гр. кокос
- 500 мл. млеко
- 3-4 големи лажици рум
- Глазура
- 100 гр. чоколадо
Подготовка
Крем - слатката павлака и чоколадото се ставаат на тивок оган да се стопи чоколадото, но не да зоврие, Се остава добро да се излади.
Кога добро ќе се излади се мати за да се добие крем.
Колачите се потопуваат во претходно малку загреаното млеко со рум за кратко. Тие со кремот се залепуваат во пар и се валкаат во кокосот. Чоколадото за глезура се растопува и со лажичка се става по малку во крукчето.
Се оставаат неколку часа за да се спојат кремот и кексот.