Испечати

Печен свински бут во кола сок

Печен свински бут во кола сок

Состојки

  • 1,5 кг свински бут без коска
  • За премачкување
  • 3-4 лажици свинска маст
  • 2 лажици мешан сув зачин
  • 1 лажица сол
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 лажичка лук во прав
  • 2-3 рендани или испасирани лукчиња
  • 1 лажица сенф
  • сув рузмарин по вкус
  • 150 мл кола сок

Подготовка

Вака подготвениот свински бут е многу сочен, вкусен и се сече на тенки ленти само треба добро да се излади.

Подготовка
1. Соединете ги состојките за премачкување заедно со зачините, освен сокот.
2. Бутот пресечето го на два дела за побрзо да се испече. Избоцкајте го длабоко на повеќе места со остро ноже, а на горната страна засечете го на баклави.
3. Премачкајте го со маринадата и оставете го неколку часа во фрижидер или преку ноќ.
4. Во алуминиумска фолија го ставаме месото и гледаме да нема простор од неа да истекуваат соковите.
5. Месото го прелеваме со кола сок, го заткуваме во фолијата и го ставаме да се пече во загреана рерна на 150 степени околу два часа. Откако ќе помине час превртете го месото. Така превртувајте го 2-3 пати , за да добие во сочност при печењето.
6. Потоа тргнете ја горната фолија и продолжете го печењето уште 1 до 1,5 часа на иста температура или пак на околу 170 степени околу 1 час. Ова зависи од јачината на рерната и како таа ви пече. Треба да добие златно кафеава боја.
7. Оставете го добро да излади и потоа сечете го на тенки парчиња.