Испечати

Најмеките кременадли

Најмеките кременадли

Состојки

  • 6 кременадли
  • За маринада
  • 2 лажици сенф
  • 2 лажички лук во гранули
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1 лажичка мешан сув зачин
  • 30 мл масло
  • сол по вкус
  • За динстање
  • 2-3 големи главици кромид

Подготовка

Навистина треба повеќе време за подготовка на овие свински кременадли, ама трудот ви се исплати затоа што се навистина меки и нема да имате потреба ниту од нож при нивната дегустација.

Подготовка
1. Кременадлите малку ги чукаме, за да омекнат и да ја добијат потребната дебелина.
2. Ги ставаме зачините, маслото и сенфот и ги втрлуваме состојките во месото. Ги оставаме најмалку 2 часа да се измаринираат.
3. На тивок оган го ставаме кромидот насечканиот на кругови, да се пропржи на масло, додека да застакли.
4. Ги редиме кременадлите врз кромидот и ставаме вода во која ќе се динстаат.
5. Тавата ја покриваме со капак и на секои 10-15 минути проверуваме до каде е динстањето, кое треба да ни се одвива на тивок оган. Кременадлите во ниеден момент не треба да останат без течност, а може и да ги превртувате, ама не мора често. Вака се динстаат околу 1 и ½ час.
6. Потоа го тргаме капакот и чекаме сосема да испари водата, кратко ги запржуваме од едната па од другата страна и сервираме.

Забелешка
Од кременадлите јас не ја двојам коската затоа што сакам да се варат и пржат во софтот што го пушта таа. Ако сакате можете да ја отстраните.
Доколку не сакате кромид исто така прескокнете го при подготовката, ставете ги директно на масло и залејте ги со вода.
Најслатки се со маст, доколку ја имате искористете ја во рецептов.