Испечати

Торта со печени ореви

Торта со печени ореви

Состојки

  • теста(потребни 3)
  • 6 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици мелени печени ореви
  • 2 реда сецкана чоколада
  • 2 лажици брашно
  • фил
  • 1л. млеко
  • 12 лажици шеќер
  • 18 жолчки
  • 10 лажици брашно
  • 250гр. шеќер во прав
  • 250гр. путер
  • 200гр. чоколада за готвење
  • 3 лажици какао
  • 500мл. слатка павлака

Подготовка

За подготовка на тестото, изматете 6 белки во цврст снег, а потоа додадете 6 лажици шеќер во прав со постојано матење додека да добиете цврст шам.
Во шамот со белки додадете 6 лажици мелени ореви, 2 реда сецкана чоколада, 2 лажици брашно и мешајте полека да добиете еднолична смеса.
Печете во загреана рерна на 200 степени 15 минути, додека да порумени. Истото повторете го со другите две кори. Оставете добро да се изладат.
Во 800 мл млеко ставете 10 лажици шеќер и оставете да проврие. Посебно во 200 мл млеко изматете ги жолчките со брашното, какаото и ставете во млекото да се сварат како пудинг, додека да згусне. Додека е топол филот додадете го чоколадото,оставете да се излади.
Пенасто изматете го путерот со шеќерот во прав и додадете го на изладената смеса од жолчки. Матете убаво со миксерот, изматете ја слатката павлака.
Филување
Секоја кора премачкајте ја со филот од чоколада по него нанесете слатка павлака.
Повторете ја постапката додека не ја ставите и последната трета кора.
И третата кора филувајте ја со чоколадниот фил.
Оставете да се излади неколу часа во фрижидер па послужете.
Добар апетит!!!
Забелешка.
Оревите запечете ги на 180степени петнаесетина минути во рерна, изладете и смелете ги.
Запечените ореви и даваат посебен вкус на тортата.