Мусака од модар патлиџан и компир (посно) (Народен кувар 1976)
Состојки
- 1 кг кромид
- 2-3 модри патлиџани или малиџано
- 3-4 полуварени компири
- по потреба рендано сирење или кашкавал
- зачини сол, бибер, мајчина душица или провансалска мешавина
Подготовка
Како за некој што не пости никогаш, се изненадувам колку посни рецепти имам и сум вљубена во нив =))
Лесен и брз рецепт, а мене лично ми беше превкусен.
Кромидот ситно исецкајте го и пржете го убаво. Дел од кромидот, од прилика колку да го прекрие садот во кој што ќе печете, тргнете го на страна, а остатокот допржете го да зарумени.
Ставете дел од кромидот во тавата во која што ќе печете
над него ставете кругови исецкан модар патлиџан
зачинете
повторно ставете пржен кромид
над него кругови и полуварен компир
повторно пржен кромид
изрендајте сирење
и така се додека имате матерјал. Завршете со пржениот кромид кој што го тргнавте на страна. Тој го тргнавме на страна бидејки е пржен да не прегори при печење. Ова е искуството, не е по рецептот.
Печете во рерна на 200 степени 30-40 мин и сервирајте.
Состојките прилагодете ги според потребите и садовите за печење.
Јас користев малиџано, совршено се вклопи. Сметам дека требаше во малиџаното малку лук да ставам. Количината на малиџано беше окулу 400 - 500 гр.
Следниот пат нема да го варам компирот, туку ќе го излупен и жив ќе го рендам во садот.
Пржениот кромид го дава најубавиот шмек во јадењето, затоа ставете голема количина и убаво испржете го, да замириса убаво.
Во куварот е пишан рецептот како Компир печен со модар патлиџан, но мислам дека мусака е подобар избор на име :)
Пријатно јадење! )