Испечати

Кисели кромитчиња

Кисели кромитчиња

Состојки

  • 1,5 кг ситен кромид (кокар)
  • 1 л бела киселина
  • 150 мл масло
  • 600 мл вода
  • 150 гр шеќер
  • 1,5 лажица сол
  • 1 пакетче црна пипер во зрно
  • 2 листа ловор

Подготовка

Овој рецепт се врти по интернетот, видов дека овде го нема, па откако го направив и на сите им се бендиса решив да го поставам, со мали измени од оригиналниот.
Одберете многу ситни кромитчиња. Ставете ги во некое тенџере и попарете ги со врела вода. Нека постои така околу 5 минути. Водата исцедете ја, а кромитчињата исчистете ги од лушпата.
Останатите состојки ставете ги на оган да зовријат и откако ќе почне да врие, ставете ги и кромитчињата. Нека поварат во течноста, ако се мнооогу ситни 2-3 минути, ако се малку поголемки најмногу 5 минути.
Постапката е готова, соберете ги или во тегли или во некој пластичен сад.
Наредниот ден се веќе подготвени за јадење.
Совет, внимавајте да не ги преварите, треба малку да крцкаат кога се јадат.