Испечати

Путер пуслици

Путер пуслици

Состојки

  • Тесто
  • 140 гр путер
  • 140 гр брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 2 жолчки
  • За снегот
  • 3 белки
  • 240 гр шеќер
  • 2 ванили
  • 1 лажица сок од лимон
  • Фил
  • 150 гр путер
  • 120 гр шеќер во прав
  • 80 гр чоколадо
  • 3 жолчки

Подготовка

Овие прекрасни, нежни колачиња ги правев за нашата традиционална средба за размена на колачиња, а на молба на ќерка ми повторно ќе бидата на нашата трпеза за божикните празници. И благодарам на „гагахерц“ за одличниот рецепт.
Од состојките за тестото замесете тесто и ставете го во фрижидер.
Убаво изматете ги состојките за пуслиците, да добиете цврст снег.
Извадете го тестото од фрижидер и исучете кора (5милиметри). Со мало ракиено чаше вадете форми и редете ги на плех покриен со хартија.
Над секое парче со шприц ставајте од смесата за пуслиците. Јас за да бидат малку празнични, во шприцот капнував по малку гел-црвена боја, ама вие не морате.
Се печат 20 минути на 150 степени па 20 минути на 120 степени.
Додека се печат, направете го филот. Жолчките со шеќерот сварете ги на пареа, па кога ќе се оладат измиксајте ги со путерот и ренданото чоколадо.
Испечените пуслици спојувајте ги по две со филот.