Меки колачи Роксакиа
Состојки
- 2 јајца
- 500 гр брашно
- 100 мл млако млеко
- 100 мл масло
- 100 гр мелени ореви
- 1 лимон
- 50 мл рум
- 3 лажици какао
- 1 кесичка сув квасец
- 1 паковка пециво
- 1 паковка ванилин
- 1 лажичка цимет
- Шербет
- 500 гр шеќер
- 750 мл вода
Подготовка
1. Квасецот и малкото млеко ги промешуваме. Јајцата, маслото, пецивото и ванилинот ги промешуваме. Ја додаваме ситно изрендана кора од лимон и брашно и замесуваме тесто. Мазното тесто го сечеме на половина.
2. Од првата половина тесто расплескуваме тркалезна форма и врз неа ги ставаме оревите, циметот, какаото и румот и месиме додека не добиеме хомогено кафено тесто.
3. На хартија за печење ја ставаме преостанатата половина тесто и со сукалка развлекуваме правоаголна кора. Кафеното тесто со раце го развлекуваме во форма на салама со должина на кората. Го ставаме на едниот крај на кората и со помош на хартијата виткаме ролат. Го сечеме на парчиња со широчина од 1 см и ги редиме во тава за печење обложена со хартија.
4. Колачите ги печеме на 180 степени околу 30 минути. Откако колачите ќе се подизладат ја вадиме хартијата од тавата.
5. Шербет. Шеќерот со водата ги вариме околу 7 минути, потоа со врелиот шербет ги преливаме изладените колачи и оставаме да го впијат шербетот и да се изладат.