Сочно свинско филе
Состојки
- 1 кг свинско филе
- 200 мл телешки бујон
- по потреба маслиново масло
- Маринада
- 50 мл маслиново масло
- 1 лажица соја сос
- 1 лажица оцет балсамико
- 1 лажица ворчестер сос
- 1 лажица мед
- 1 лажица сенф
- 1 лажичка морска сол
- 1/2 лажичка мелен бибер
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лажичка чили во прав
- 1 лажичка лук во прав
- 1 лажичка рузмарин
Подготовка
1. Парчињата свинско филе се ставаат во кеса за маринирање и внатре се истура маринадата. Кесата се затвора и убаво се промешува месото кое се остава 24 часа во фрижидер.
2. Во поголемо тавче со малку маслиново масло се пропржуваат парчињата свинско филе додека не добијат кора (околу 5 минути), а потоа се ставаат во тава за печење.
3. Телешкиот бујон се истура во тавата во која се пржеше месото, за да се измеша со вкусовите кои ги испушти месото при пржењето. Во кесата за маринирање се става малку вода и убаво се протресува (за да ги собере остатоците од маринадата) а потоа се додава во телешкиот бујон. Се заедно се промешува и се става во тавата за печење.
4. Парчињата свинско филе се печат 20-30 минути на 200 степени.