Испечати

Печен свински бут со сол

Печен свински бут со сол

Состојки

  • 1 свинско бутче,2-3кгр
  • сол, бибер, зачин, масло, вода
  • сол и масло

Подготовка

Кревко во внатрешноста, а однадвор крцкаво свинско печење.
Малку работа, ама краен резултат - се топи во устата по коментарите на консументите.
Прво свинското бутче се мие и убаво од сите страни се премачкува со сол, бибер и зачин.
Се става во пекач, се попрскува со масло и се додаваат 250 мл вода.
Се става во рерна да се печи 3 часа на 150 степени.
Пред крај се вади капакот на пекачот, се попрскува со масло и сол горната кожичка и се појачува релната на 220 степени.
така нека се печи 5-6 минути.
Готово е, крцкаво е.
Уживајте во овој убав празничен ручек.