Испечати

Солени залачиња (посно)

Солени залачиња (посно)

Состојки

  • 500 гр компири
  • 10 суви црвени пиперки
  • по потреба маслиново масло
  • по желба сол
  • по желба мелен бибер

Подготовка

1. Компирите се лупат, се сечат на помали парчиња и се варат.

2. Пиперките се чистат од семките и се ставаат во зовриена вода додека не омекнат, а потоа се тргаат на страна и се лупат.

3. Во посебен сад се ставаат сварените компири, 200 мл од водата во која што се вареле, маслиново масло и црвените пиперки и се заедно се меша со миксер. Се зачинува со сол и мелен бибер.

4. Така подготвеното пире се става во готварски шприц и се вадат големини и форми по желба, кои се ставаат на плех обложен со хартија за печење. Се наросуваат со сол и се печат 15-25 минути (во зависност од тоа колку крцкави сакате да бидат).