Кардамом - вишна вкусна торта
Состојки
- тесто
- 3 јајца
- 120гр шеќер
- 150гр маргарин
- 1 ванила
- 110гр брашно
- 1 пециво
- 2 лажички квалитетно какао
- црн фил
- 200гр чоколадо
- 100гр млечно чоколадо
- 300мл слатка павлака
- 1 лажиче кардамом или 5-6 семки, столчени
- бел крем
- 200гр бело чоколадо
- 150мл слатка павлака
- крем од вишни
- 250гр вишни
- 2 лажици шеќер
- 2 лажици густин
- 200мл течност од компот од вишни, или течноста која ќе ја пуштата замрзнатите вишни
- чоколадни капки
Подготовка
Среќна Нова година на сите ви посакувам со прекрасно парче торта.
Кремаста, со волшебен вкус.
Прво се мати маргаринот со шеќерот во прав.се додава ванилата и едно по едно јајце. Се мати па се додаваат просеаното какао, пецивото, брашното.
Се печи во тавче бр 24, округло, околу 15-20 минути.
Јас ја поделив смесата на 2 дела, со цел да испечам 2 кори, но кога го ставив филот, толку ми изгледаше симпатично, што се откажав да ја поставам втората кора врз филот.
(сега имам готово тесто како основа)
За црниот фил во касерола се става слатката павлака да се загрее, не сме да проврие.
Се додава чоколадото и се мешаат да се соединат. Се додава и лажичка кардамом во прав.
Исто се постапува со белиот крем.
Се загрева павлаката и се додава чоколадото.
Се мешаат да се соединат.
Сега во течноста од вишните се ставаат шеќерот и густинот и се вари до згуснување.
Одма се додаваат исчистените вишни.
Топлиот крем се нанесува врз испеченото тесто.
Сега готовите изладени кремови се матат со миксер.
Со лажица се става во центарот белиот крем , а одоколу се реди црниот крем
Се посипува со чоколадни капки.
Нека одстои 1 час во фрижидер па може да се сервира
Како бел крем наредениот пат ќе ставам половина од кремот со кои се полнети крофните храбро срце, бидејќи е фантастичен.