Испечати

Биено сирење со јајца

Биено сирење со јајца

Состојки

  • 7 парчиња биено сирење
  • 3 јајца
  • по потреба: брашно, масло

Подготовка

Ова е еден од моите брзи оброци кој го правам за појадок или за вечера. Ако го приготвувате во Делимано тава, тогаш си немате мака од залепување на сирењето и јајцата.

* Исечете го биено сирење на парчиња дебели околу 5-6 мм., извалкајте ги во брашно и пржете ги кратко од двете страни во загреаното масло.
* Штом парчињата биено сирење ќе поруменат и станат крцкави, ги додавате изматените јајца и ги допржувате. Толку.