Испечати

Посна торта со суво овошје (без масло )

Посна торта со суво овошје (без масло )

Состојки

  • Кора
  • 350 мл вода
  • 270 гр шеќер
  • 300 гр брашно
  • 1 (15 гр) прашак за пециво
  • исцеден сок од половина лимон
  • рендана кора од 1 лимон
  • Суво овошје
  • 5 урми
  • 5 суви смокви
  • 6 суви кајсии
  • една рака суво грозје и брусница

Подготовка

Среќна Нова 2016 година и среќни и весели Божиќни празници ви посакувам на сите!

Подготовка на тортата.
Најпрво подгответе го овошјето.
Смоквите и кајсиите ставете ги во топла вода 15-на минути. Потоа исецкајте ги на помали коцкички.
Исецкајте ги и урмите.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.
Тава за печење бр.26 посипете ја со брашно или за посигурно да не залепи ставете хартија за печење.
Во сад ставете го просеаното брашно со пецивото, шеќерот и кората и сокот од лимон. Водата постепено додавајте ја и мешајте со лажица или жица да се изедначи смесата и да нема грутчина.
Истурете ја во тавата и одозгора насекаде распоредете го овошјето.
Ставете ја да се пече околу 35 минути или кога ќе добие кремаста боја проверете со чепкалка, да излезе сува.
Кога е печена оставете ја уште 5-6 минути во исклучена рерна.
Готовата торта покриена со фолија и крпа оставете ја во тавата малку да олади, а потоа префлете ја во чинија целосно да излади покриена со фолијата и крпата да биде мека.
Ете со оваа торта влегувам во 2016 год, ми беше мојот новогодишен десерт -)