Испечати

Торта Новогодишен часовник

Торта Новогодишен часовник

Состојки

  • Пандишпан
  • 6 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 120 мл вода
  • 150 мл масло
  • 1 паковка ванилин
  • 200 гр брашно
  • 1 паковка пециво
  • Крем
  • 900 мл млеко
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 4 лажици нишесте
  • 80 гр Чоколадо
  • 6 лажици шеќер
  • 150 гр путер

Подготовка

1. Јајцата се матат со миксер заедно со шеќерот и ванилинот, се додаваат маслото, водата и се промешува. Полека се додаваат брашното и пецивото.
2. Смесата се излева во правоаголен плех и се пече на 180 степени 20-тина минути.
3. Во 800 мл млеко се става чокладото и се загрева до вријење, а во преостанатите 100 мл млеко се раствораат пудингот, шеќерот и нишестето. Се додава во зовриеното млеко и се вари како пудинг. Се трга од оган и се додава омекнатиоит путер.
4. Изладениот пандишпан се сече на 6 еднакви ленти и се мачка со крем. Првата лента се рола и се става во средина на чинијата. Околу неа се виткаат преостанатите ленти. Проестанатиот крем се нанесува околу тортата така што цела да биде покриена.

Спиралната новогидишната торта треба да се лади 2-3 часа во фрижидер.