Испечати

Домашен леб со овесни снегулки

Домашен леб со овесни снегулки

Состојки

  • 500 гр. бело брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка мед
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 1 кесичка (10 гр.) сув квасец
  • околу 400 мл. топла вода
  • 5 лажици маслиново масло
  • 2 лажици овесни снегулки

Подготовка

Одлучив првиот рецепт во Новава година да биде домашно лепче направено на мој начин. Симболично посакувам сите луѓе да го имаат колку им треба и да бидат сити. Ова е обично лепче на кој дополнително му додадов овесни снегулки.
Ровко и меко лепче до наредниот (ден ако остане).

* Во вангличе се замесуваат сите состојки и по потреба се додава уште малку брашно (јас ставив околу 50 гр.). Тестото треба да е не лепливо и меко.
* Се остава да скисни 30-тина минути, се премесува и се остава да кисни уште толку време.
* Стасаното тесто се расплескува во намастено округло караванче бр.26 (јас печев во Делимано Делициа округлата тава која не треба да се намастува), се засекува со нож одгоре и се става малку брашно.
* Се пушта рерната на 220 степени и штом загрее, на оваа температура се пече 20-25 минути и уште 10-тина минути на 200 степени.
* Испечено се покрива со крпа.
Да сме сите радосни и сити!