Бинго торта со ресана и пишкоти
Состојки
- За кора
- 6 јајца
- 1 ванила
- 18 лажици шеќер
- 18 лажици масло
- 18 лажици млеко
- 12 лажици брашно
- 1 лажица просеано какао
- 1 пециво
- За фил
- 1,5л. млеко
- 15 лажици шеќер
- 4 пудинзи од ванила
- 4 лажици нишесте
- 1 маргарин или путер
- 125гр. шеќер во прав
- 100гр. бело чоколадо
- 100гр. црно чоколадо
- 150гр. мелен орев
- Уште ни е потребно
- 300гр. ресана
- 1 и 1/2 кутија пишкоти
- 2-3 портокали (сокот од нив, а малку од кората за во пандишпанот)
- 200гр. шлаг пена
- 500мл. млеко
Подготовка
Со оваа торта би сакала на сите членови, тимот на МР и сите посетители и читатели на овај сајт им ја честитам Новата година...
Па среќна и бериќетна нека Ви биде Нова 2016г. на секое поле!
За многу години сите престојни празници!
Кората се спрема на стандарден начин.
Се матат јајцата со шеќерот, густо и кремасто, се додава ванилата, маслото, млекото, на крај брашното помешано со пецивото, оревите, какаото и ситно ренданата кора од еден портокал.
Се излева во правоаголен плех на хартија и се пече околу 30мин. на 180 степени во претходно загреана рерна.
Кога малку ќе подолади се попрскува со сок од портокал.
За филот најпрво ги раствораме пудинзите и нишестето со малку млеко, а остатокот го зовриваме со 15 те лажици шеќер. Го додаваме растворениот пудинг и вариме до потребната густина.
Веднаш го делиме готовиот пудинг на три дела.
Во едниот ги додаваме мелените ореви, во вториот-црното чоколадо за готвење, а во третиот дел-белото чоколадо.
Ги оставаме да изладат со повремени мешања и им додаваме по 1/3 од претходно пенасто изматениот маргарин со 125гр. шеќер во прав.
Финална постапка
Кората ја ставаме на подлога, ја премачкуваме со филот со ореви, па ги редиме ресаните ( потопени во сок од портокал) со чоколадниот дел надолу, во 4 реда.
Над нив филот со црното чоколадо, па пишкотите потопени во сок, нив ги редиме една до друга.
Над нив делот од филот со бело чоколадо.
Целосно тортата ја премачкуваме со изматената шлаг пена со млекото.
Уживајте со оваа мошне вкусна, освежителна торта!