Испечати

Снежни шишарки

Снежни шишарки

Состојки

  • 250 гр чокомакс
  • 100 гр шеќер во прав
  • 100 гр сусам
  • 100 гр кокос
  • 200 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо
  • 4 лажици мед

Подготовка

Чоколадни крцкави колачи приготвени за многу брзо време.
1. Најпрво сусамот потпечете го и оставете го да се олади.
2. Во еден сад на оган ставте го маргаринот да се растопи.
3. Откако ќе се растопи додајте го чоколадото и медот и мешајте додека да се растопат, па тргнете ја смесата од оган.
4. Во друг сад ставте ги чокомаксот, потпечениот сусам и шеќерот во прав па промешајте да се соединат. Откако ќе се соединат додајте ја млаката смеса од маргаринот, чоколадото и медот па измешајте ја смесата.
5. Обликувајте ги шишарките со помош на цедилка за лимон или некој друг предмет во облик на шишарка. Наполнете ја внатрешноста на цедалката со готовата смеса. За да си го олесните вадењето на шишарките, обложете ја цедалката со најлонска фолија.
6. Оформените шишарки ставте ги или во фрижидер или во поладна просторија да отстојат барем половина час за да се стегнат.

Совет - Шишарките поросете ги или со шеќер во прав или со кокос за да бидат како снежни шишарки.