Испечати

Торта со пудинг од ванила и орев

Торта со пудинг од ванила и орев

Состојки

  • За пандишпан
  • 5 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 4 лажици млеко
  • 3 лажици зејтин
  • 10 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванила
  • За фил
  • 1 л млеко
  • 2 пудинг ванила
  • 7 лажици шеќер
  • 125 гр маргарин
  • 300 гр мелен бисквит
  • 200 гр мелен орев
  • Декорација
  • 1 кесичка шлаг пена ванила
  • 1 кесичка шлаг крем чоколадо
  • 2 лажици шеќер
  • 300 мл ладно млеко

Подготовка

1. Делете ги јајцата во еден сад белки во друг жолчки.
2. Белките матете ги со миксер и постепено додавајте ги 10-те лажици шеќер. Матете додека да се растопи шеќерот.
3. Потоа изматете ги со миксер жолчките додека да ја добиете потребната цврстина и додајте ги во белките.
4. Со миксер соединете ги па додајте ги млекото, ванилата и маслото.
5. На крај додајте го прашокот за пециво и брашното и промешајте со лажица да се соединат.
6. Смесата истурете ја во калап број 32 претходно намрсен со малку зејтин и посипан со брашно. Печете на претходно загреана рерна од 180С-20 мин.Откако ќе се испечи оставте го да се олади.
7. Во тенџере на оган ставте 800мл млеко и додајте го шеќерот и промешајте да се растопи шеќерот.
8. Пред да почне млекото да врие додајте го пудингот претходно измешан со преостанатите 200 мл млеко и мешајте додека да добите густа смеса.
9. Пудингот оставте го да се излади.
10. Во еден сад изматете го маргаринот и додајте го изладениот пудинг. Додајте го мелениот бисквит и мелениот орев и матете со миксер додека да се соединат.
11. Изладениот пандишпан исечете го на три дела исто така и филот делете го на три дела.
12. Филувајте пандишпан-фил-пандишпан-фил-пандишпан-фил.
13. Оделно изматет ги двата шлага со по 1 лажица шеќер.
14. Со белиот шлаг премачкајте ја целата торта, а со кафениот украсете ја по желба.Исечете ја тортата и сервирајте...Добар апетит..